Миркуловски: Не очекувавме толку голема победа

Убедливиот триумф над Тунис со 8 голови разлика (33:25) е неочекувано голем за централниот бек на репрезентацијата на Македонија, Филип Миркуловски.

- Не очекувавме да победиме со толку голема разлика, напротив, очекувавме потежок натпревар. Сепак, бевме многу подготвени. Долго време се подготвувавме за овој натпревар, изјави Миркуловски кој постигна 6 голови за нашата селекција во победата над Тунис со 33:25 на стартот на Мундијалот во Катар.

Фокусираноста во текот на целиот меч според Миркуловски е еден од клучните моменти за успешниот старт на Мундијалот.

-Бевме 100 % сконцентрирани. Мислам дека тоа е најпотребно за вакви натпревари, да знаеш кога, што и како да одиграш, тогаш резултатот ќе дојде сам по себе, дополни Миркуловски, по мечот со Тунис.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега