Селекторот Обрван се фокусира на Иран

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван не го криеше задоволството од големата победа над Тунис.

-Задоволен сум од играта и резултатот. Ова беше првиот дуел на првенството, тој секогаш е тежок, но ние бевме одлични во нападот и одбраната. Сега бргу треба да го заборавиме овој натпревар бидејќи веќе утре не чека ново искушение и дуелот со Иран. И тоа нема да биде лесен меч затоа сега по кус одмор целосно се фокусираме на следниот натпревар, изјави Обрван, пренесе АЛФА.

Македонија утре со почеток во 17 часот се среќава со селекцијата на Иран во рамките на 2. коло на Светското првенство што се одржува во Доха.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега