Мојсоски: Бевме незапирливи!

Наумче Мојсоски е задоволен од денешната игра, крунисана со убедлива победа над Тунис.

-Одигравме перфектно во нападот, одлично во одбраната. Обично не постигнуваме многу голови,  но денеска бевме незапирливи. Се надевам дека и во продолжение на турнирот ќе играме во ист стил, изјави Наумче Мојсоски, пренесе Алфа

Филип Миркуловски беше одличен постигна шест гола од вкупно седум обиди и беше нерешлива енигма за противничката одбрана.

-Во првото полувреме лошо почнавме и имавме проблеми во играта, а тоа Тунис го искористи и постигнуваше лесни голови. Во продолжението од мечот ги средивме нашите редови и бевме одлични. Игравме одлично во одбраната  и перфектно во нападот. Ова е голема победа, потенцираше Миркуловски.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега