НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Во 15 часот започнува дуелот меѓу Македонија  и  Тунис, со овој натпревар  макеоднските ракометари  го започнуваат својот настап на Светското првенство во Катар.

На првенството во Катар, целта на македонските ракометари е пласман во четвртфиналето кое носи шанса преку дополнителни квалификации да се избори настап на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

За да се постигне посакуваното, избраниците на селекторот Ивица Обрван, најнапред ќе треба да бидат меѓу четирите првопласирани репрезентации во групата Б, во конкуренција со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.
 
Распоред на настапите на македонската репрезентација на СП во катар:
 
Група Б
1.коло (петок – 16.01.) Македонија – Тунис од 15 часот 
2.коло (сабота – 17.01.) Македонија – Иран од 17 часот
3.коло (понеделник – 19.01.) Македонија – БиХ од 17 часот
4.коло (среда – 20.01.) Македонија – Хрватска од 17 часот
5.коло (петок – 23.01.) Македонија – Австрија од 17 часот
 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега