Убедлива победа на македонските ракометари над Алжир

Ракометната репрезентација на Македонија синоќа на тунирот во Нант оствари висока победа над Алжир 32:20 и попладнево во финалето на турнирот ќе игра против домаќинот Франција. „Триколорите“ во првиот натпревар ја победија Аргентина со 33:19.
 
Во текот на целиот натпревар нашата репрезентација имаше предност, а селекторот Ивица Обрван имаше можност да ги провери варјантите за натпреварите кои ја очекуваат селекцијата на Светското првенство во Катар. Најефикасен кај Македонија со 7 голови беше Дејан Манасков, а Кирил Лазаров постигна 6, додека голманот Борко Ристовски натпреварот го заврши со 12 одбрани.
 
Денеска на турнирот се играат натпреварите за пласман финалето меѓу Франција и Македонија почнува од 18 часот, а претходно од 15:30 часот се игра натпреварот Алжир – Аргентина.
 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега