Наскоро ќе се воведе бел картон во фудбалот

Една од новините во фудбалот која Мишел Платини инсистира да ја спроведе е белиот картон како казнена мерка.

Претседателот на УЕФА истакна дека тој картон би се користел за исклучување на одреден фудбалер поради недисциплина и тоа привремено на пет или десет минути во текот на натпреварот.

Платини потенцирал дека фудбалерите често пати се однесуваат недолично, вршејќи притисок на судиите, поради што би требало да бидат адекватно казнети.

Тој смета дека белиот картон како мерка за санкционирање на помали прекршувања на правилата на фудбалската игра би бил меродавен и корисен.

-Белиот картон би ги казнил играчите во текот на мечот, а со тоа би биле санкционирани театрални гестови, критики и протести, како и иронични аплаузи кон судиите, изјави Платини.

Првиот човек на УЕФА воедно додаде дека жолтиот и црвениот картон ќе останат да важат.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега