Пато се враќа во италијанската лига?

Некогашниот фудбалер на Милан Александре Пато, големиот талент на кој повредите му застанаа на патот на развојот на кариерата, би можел да добие шанса за ново докажување во Серие А.

Фудбалерот на Коринтијанс, кој настапува како позајмен во Сао Пауло, бележи добри настапи, па го привлече вниманието.

За неговите услуги заинтересирана е Фиорентина, која активно бара решенија во напаѓачката линија. „Ла Република“ објави дека „Виолетовите“ сакаат да го продадат Иличиќ, да го растеретат буџетот и да направат место за Бразилецот, кој маркентиншки би бил секако исплатливо засилување.

Како потенцијални засилувања во нападот на Фиорентина, освен Пато се спомнуваат Џовинко, Пацини и Мјуриел.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега