ВИДЕО: Тоти одби да биде капитен

Легендата на Рома Франческо Тоти се најде на клупата за резервни фудбалери на гостувањето кај Џенова, натпревар кој неговиот тим го доби со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Наинголан во 40-тата минута, а Тоти во игра влезе во 77-тата минута на местото на Адем Љајиќ.

Сепак, она што се случи крај аут линијата, кога Тоти се подготвуваше да влезе во игра, изненади многумина, а најмногу фановите на Рома. Имено, легендата на римскиот тим одби да ја земе капитенската лента која на овој натпревар ја носеше Сеиду Кеита.

Кога интернационалецот од Мали сакаше да му ја даде капитенската лента, Тоти остро реагираше и му ја турна раката на Кеита.

 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега