Надал негираше дека користи недозволени средства

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, ги негираше обвинувањата во медиумите за тоа дека користел допинг.

 

Имено, Шпанецот на почетокот на ноември го оперираше слепото црево додека од Австралијан Опен има проблем со рамената, па беше подложен на третман за да биде подготвен за почетокот на следната сезона.

 

Меѓутоа имаше и обвинувања дека користел допинг, што Надал го прокоментира за медиумите од Шпанија.

„Тоа не е точно. Не ги знам деталите на лечењето, но се се работи во склоп со правилата“, вели Надал.

„Го работам она што е дозволено, никогаш не сум размислувал да користам нешто што не е дозволено. Не би направил нешто би наштетило на моето здравје“, рече Надал.

 

Обвинувањата на сметка на Надал не се нешто ново, бидејќи и пред неколку години, кога паузираше седум месеци поради повреда на коленото, имаше приказна дека користи недозволени средства.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега