ФОТО: Нашиот деветгодишен Кристијан Воденски стана европски првак во бразилско џиу-џицу

Нашиот Кристијан Воденски успеа да ја зграбчи титулата европски првак во бразилско џиу-џицу, во категоријата од 22 до 27 килограми на натпреварот „НАГА“ во Париз.

Имено деветгодишниот Воденски пред една недела го освои среброто, во лајт-контакт и бронза во семи-контакт на првенството на Германија во кик-бокс.

Со само девет години тој активно учествува на натпреварувањата само две години, и досега има освоено 12 златни, пет сребрени и еден бронзен медал.

 

 

16.11.2014 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега