Кличко со нокаут го победи Пулев

Апсолутниот светски боксерски првак Владимир Кличко синоќа во Хамбург, Германија по 17. пат го одбрани тронот, откако синоќа со нок-аут го победи предизвикувачот, Бугаринот Кубрат Пулев.

Украинскиот боксер уште во првата рунда два пати го праќаше противникот на подот, Пулев падна и во третата рунда, за конечно во петтата рунда Кличко да го зададе решавачкото кроше.

За него ова беше 63. победа во кариерата, од кои 54 извојувани со нокаут.

Бугаринот во 21. меч го претрпе првиот пораз.

Кличко е сопственик на титулите во тешка категорија во верзиите IBF, IBO, WBO и WBA.

16.11.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега