Кастратовиќ : Во наша корист да биде крајниот резултат!

 

 

Ракометарките на ЖРК Вардар во недела го играат најважниот натпревар во рамките на групата од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува „големиот должник“ европскиот вицепрвак Будуќност. Овие две екипи лани одиграа натпревар на „фајнл-фор“ турнирот во Будимпешта, а победа од 22:20 во полуфиналето постигна првакот на Црна Гора.

 

 

Во пресрет на дуелот на денешната прес конференција тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ изјави дека ракометарките на Будуќност во одбраната знаат да бидат и многу агресивни, па дури и груби нешто како рагби како што беше на полуфиналето во Будумпешта.

 

 - Но, ние со цврста игра во одбраната можеме да стигнеме до посакуваната цел, а тоа значи на крајот резултатот да биде во наша корист. Се надевам дека и помошта од трибините ќе биде на потребното ниво, рече Кастратовиќ.
 Во редовите на ЖРК Вардар во оваа сезона настапува и репрезентативката на Словенија, Барбара Лазовиќ – Варлец.

 

 
14.11.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега