Колку е платен Антиќ? - листата на најплатени НБА играчи

„ЕСПН“ објави список на платите на НБА кошаркарите, за сезоната 2014/2015. 

Според оваа листа најскапо платен НБА играч за оваа сезона е Коби Брајант, од Л.А. Лејкерс со плата од 23,5 милиони долари на годишно ниво. 

Веднаш зад него се најде Амаре Стадемаер од Њујорк Никс со 23,4 милиони долари годишна плата. 
На третото место на оваа листа се најде името на Џон Џонсон од Брулин со 23,1 милиони долари додека четврти е Кармело Ентони од Њујок Никс чија годишна плата изнесува 22,4 милиони долари. 

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ кој ја игра втората сезона во најсилната кошаркарска лига во светот се наоѓа во долниот дел од комплетната листа на најплатени играчи.

Според објавените податоци на „ЕСПН“, македонскиот центар годишно заработува 1.250.000 долари и се наоѓа на 310-то место на листата.

11.11.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега