Пуштени во продажба билетите за мечот Вардар-Веспрем

За сите оние кои ќе сакаад да го проследат дербите од третото коло на групата Ц од ЕХФ Лигата на шампиони, меѓу досега непоразените Вардар и Веспрем, на 15 ноември, од денеска (вторник) може да купат и поединечен билет за истиот меч.

За поединечна продажба се останати околу 1.000 билети, во блоковите за седење. Тие ќе бидат по цена од 350 денари. Дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење во дел од секторите каде за тоа има место, а нивната поединечна цена ќе биде 120 денари.

Билетите може да се купат од вторник од 12 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или он лајн преку продажната мрежа на MKtickets.mk. Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 9 до 21 часот секој работен ден.

11.11.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега