Дејвид Мојсја прифати понудата на Сосиедад

 

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс сепак одлучил да ја прифати тренерската покана од шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, иако вчера попладне беше објавено дека тој нема да оди во Шпанија.

 

Како што јавуваат тамошните медиуми до пресврт дошло во последен момент од преговорите меѓу двете страни и Мојс ќе биде предводник на тимот кој во моментов се наоѓа во незавидна ситуација.

 51-годишниот Шкотланѓанец без работа остана во април годинава по катастрофалната сезона во Манчетсер Јунајтед.

 Официјалната промоција на Мојс во новиот клуб е закажана за петок.

 Сосиедад е на 15.место во Примера со ист број бодови колку што имаат уште четири екипи од дното на табелата па задача на Мојс ќе биде клубот да го извлече од опасната зона на испаѓање.

11.11.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега