Ѓоковиќ убедлив против Чилиќ на Мастерс купот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на убедлив начин го почна настапот на Мастерс купот во Лондон. Тој синоќа во првиот меч во рамките на  А групата го совлада Марин Чилиќ со 6:1 и 6:1 во сетови. Мечот траеше 57 минути што е најкусиот во историјата на Мастерсот што се игра во Лондон.

Ова беше 11.ти триумф за Ѓоковиќ во исто толку мечеви со Чилиќ. Со евентуални победи и на другите два меча во групата Ѓоковиќ ќе го освои првото место на крајот од годината. 

И во другиот дуел од оваа група резултатот беше потполно ист. Стан Вавринка го победи Томаш Бердих со 6:1 и 6:1. 

Денеска на програмата се мечевите од 2.коло од Б групата: Рожер Федерер – Кеи Нишикори и Енди Мареј – Милош Раониќ.

11.11.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега