Познати имињата на носителите на наградата „13 Ноември" во областа на спортот

Сојузот на спортови на град Скопје, денеска ги објави имињата на носителите на наградата „13 Ноември" во областа на спортот.

Согласно критериумите, наградата за спортист на Скопје ќе му припадне на автомобилистот Игор Стефановски-Иџе. За особени постигнувања признание ќе добие алпинистот Здравко Дејанов. За тренер е прогласен Иван Лесовски, а за спортски работник Панче Јакимовски.

Од спортските педагози ќе бидат наградени професорите по физичко образование Игор Зафировски и Енвер Мифтари, додека наградата за спортски новинар ќе ја добие Перо Момировски. 

Лазар Лечиќ ќе го понесе признанието за животно дело, а за шах фиде мајсторот Димитар Илиевски. Наградени се и спотските спонзори Дејан Панделески и Сергеј Самсоненко, како и женската ракометна екипа на Вардар.

Наградите ќе бидат врачени утре на свечена седница.

10.11.2014 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега