Ибраими нема да настапи против Словачка

Агим Ибраими има пневмонија на градите и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за натпреварот против Словачка од квалификациите за ЕП 2016 година, соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија.

Селекторот Бошко Ѓуровски нема да повикува нов фудбалер на местото на Ибраими.

- Ибраими не е во можност да настапи против Словачка. За нас тоа претставува хендикеп, Агим играше во одлична форма, жал ми е што го немаме во составот, но мораме да ја прифатиме реалната ситуација. Сепак, радува тоа што останатите офанзивни фудбалери кои се повикани играат во добра форма, се надевам дека на високо ниво ќе ги реализираме тренинзите и подготвени ќе истрчаме против Словачка, изјави селекторот Бошко Ѓуровски.

Натпреварот Македонија - Словачка ќе се игра на 15 ноември во Скопје.

10.11.2014 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега