Потпишан Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора и ФФМ

Со потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија (СКМ) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше означен почетокот на активностите за обезбедување поголема поддршка на спортот и конкретно на фудбалот од страна на домашните и странските компании во земјава.

Извршниот директор на СКМ Јелисавета Георгиева очекува зајакнувањето на соработката меѓу СКМ и ФФМ да доведе до унапредување на општествената корпоративна одговорност.

- Следуваат активности кои ќе ги реализираме во следниот период со цел поттикнување на активностите поврзани со општествената корпоративна одговорност, како и организирање на едукативни настани, тркалезни маси, семинари, за да се надополни поврзувањето кое денеска го официјализираме. Општествената корпоративна одговорност е еден од начините за унапредувањето на стопанството. Спортот во современото општество стана е високо профитабилна активност која секојдневно расте и Спортските активности често се одвиваат и надвор од државата при што доаѓа до израз и нивната меѓународна димензија. Ќе настојуваме преку овој Меморандум да овозможиме почитување на основните спортски, етички и деловни принципи поврзани со спортот од причина што сето тоа е од интерес за нашите членки и општеството во целина, изјави Георгиева.

ФФМ и СКМ в среда ќе организираат ревијален меч меѓу членките на комората и Советот на странски инвеститори, кој ќе се одигра на комплексот терени кај „Куќата на фудбалот“.

- Во среда ќе има неформално дружење меѓу членките на Стопкнската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори, кои ќе одиграат ревијален натпревар. Се надевам дека натпреварот ќе заврши нерешено, за сите да бидат „задоволни“, изјави Георгиева.

Таа очекува поттикнување на компаниите да вложуваат во спортот.

Од страна на ФФМ Меморандум го потпиша в.д. генералниот секретар Филип Поповски кој очекува зголемена соработка и поддршка од сите заинтересирани компании и други субјекти кои сакаат да имаат свој удел во развојот на фудбалската игра во нашата држава.

10.11.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега