Двајца ракометари на Металург го засилуваат Пелистер!

Битолскиот клуб се обидува да направи конкурентен тим за настапите во Челинџ купот.

Двајцата ракометари на Металург, Ацо Јоновски и Жарко Пешевски, како и уште еден десен бек од Хрватска би можеле да го засилат Пелистер пред настапите во Челинџ купот против екипата на Дукла Прага, објавуваат дел од македонските портали.

Според неофицијални информации, двајцата црногорски интернационалци Богдан Николиќ и Филип Симоновиќ, ги добија потребните сертификати и ќе можат да играат за битолскиот клуб во продолжението од сезоната.

Битолскиот тим долги години тапка во место и прави напори да се врати на старите патеки, но досега тоа не одеше така лесно. Се очекува полека да почнат да се стабилизираат работите и Пелистер да го заземе своето место во врвот на македонскиот ракомет.

08.11.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега