Митрески: Сите партии треба да го поддржат европскиот пат

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека лидерската средба е посветена на евроинтеграциите, не само во поглед на отворањето на уставот и уставните измени туку и за сите прашања што значат европска иднина.
 
Поканата е пратена до сите парламентарни политички партии кои се определиле за нашиот европски пат, за нешто што значи статешки интерес на нашата држава, бидејќи сите како партии се обврзале дека стратешка цел е членство во НАТО и ЕУ, нагласи Митрески, додавајќи дека лидерската средба, покрај претседателите на партиите, ќе биде со учество и на пратениците или претставници на пратеничките групи.
 
Митрески нагласи не треба да се лицитира со прашања, барања, изјави надвор од местото каде што треба да се разговара.
 
Треба да се отвори дебата, да изградиме консенус за продолжување понатаму со чекорите кон ЕУ, да се зборува кои се фактите и аргументите за иднината на државата, рече Митрески.
 
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески нагласи дека почнување на преговори со ЕУ со заштитен јазик и идентитет е голем успех, дека патот кон полноправно членство треба да продолжи.
 
Ако Бугарите бидат во Уставот уште еднаш посилно ќе го потврдиме нашиот македонски идентитет дека постои и македонскиот народ и дека постои и бугарскиот народ како два посебни народи, нагласи Митрески.
 
Митрески истакна дека изјавите на ВМРО-ДПМНЕ се менуваат од ден во ден, Христијан Мицкоски во јуни немал никаков проблем за внесување на Бугарите во Уставот.
Кажете зошто не сакате да разграничите дека постојат два народи и македонски народ и бугарски народ, го запраша коориднаторот на пратеничката група на СДСМ Јова Митрески, својот соговорник од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески.
02.11.2022 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега