Мицкоски: Новиот увоз на струја е за 7 дена, а ЕСМ за ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра

Иста компанија, „херојски“ авансни провизии, многу криминал и корупција. Не треба истрага, не треба специјални тимови, криминалот е насекаде. Треба избори и нови луѓе да ги водат институциите, напиша на својот фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој наведува дека новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12 до 18 Декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000€.

Од 7 Ноември до 18 Декември или за точно 41 ден, потрошени се вкупно 39.180.708€ за увоз на струја.

Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност, напиша Мицкоски.

10.12.2022 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега