Кривична пријава против поранешната директорка на ЈП „Билјанини извори“ од Охрид


Охридското јавно претпријатие „Билјанини Извори“ денеска поднесе кривична пријва против поранешната директорка на претпријатието, Гордана Јованоска, заради сторено продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според секретарот на Општината и потпретседател на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Китески, пријавената злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување на директор на ЈП, спротивно законските приписи и тендерската документација, во име и за сметка на претпријатието, во 2018 година по спроведена постапка за јавна набавка, со правното лице „Електро Софт Инженеринг“ ДОО Скопје, во својство на носител на набавката, склучила Договор за јавна набавка на услуги за имплементација и експлоатација на систем на зонско паркирање на паркинг простор со цена на извршување на услугите од 1.016 900 денари, односно износ од 1.200.000 денари со ДДВ, која цена на извршување на услугите ќе се надоместува во вид на надомест од 15 проценти од вкупниот нето приход.

- Неназначувајќи дека максималниот износ, т.е. не назначувајќи ја цената на услугите што може да ја исплати јавното претпријате и кој износ не смее да се надмине, овозможила по исплата на тој износ носителот на набавката да фактурира и наплаќа дополнителен износ, во случај кога за истото немал законски и правен основ, а со кои дејствија на јавното претпријатие му причинила значителна материјална штета над три милиони денари, вели Китески.

Тој уште додаде дека пријавената, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување на директор на јавното претпријатие, без да спроведе постапка за јавна набавка и без да склучи договор за јавна набавка, во период од месец мај до месец октомври 2020 година продолжила да ги користи услугите на правното лице „Електро Софт Инженеринг ДОО Скопје“ за имплементација и експлоатација на системот за зонско паркирање на паркинг-простор со кој располага ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и вршела плаќање на паричен надомест на правното лице „Електро Софт Инженеринг ДОО Скопје“, а со што на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид му причинила материјална штета над милион денари.

Понатаму, пријавената по спроведена постака за јавна набавка во својство на директор склучила договор заведен кај ЈП „Билјани Извори“ Охрид на 20 октомври 2020 година за јавна набавка на услуги за тековно одржување на паркинг-системот, иплементација и експлоатација на систем на зонско паркирање.

Според посоченото, тој договор бил со важност од 24 месеци. За време на важење на односниот Договор, цената за извршување на услуги изнесува милион денари со вклучен ДДВ, а кој надоместок требало да биде исплатен во вид на надомест од 15 проценти од остварениот приход на ЈП месечно, исклучиво по основ на наплата на паркирање преку СМС пораки.

„-За реализација на овој договор, пријавената како директор исплатила надомест поголем од договорениот во јавната набавка, односно предизвикала штета во значителен износ кој е поголем за милион денари, истакнува Китески.

Од ВМРО-ДПМНЕ Охрид е упатен повик до Општинското јавно обвинителство веднаш да постапи и да даде налог на незаконски поставениот началник на Економски криминал во СВР Охрид, Сашо Јанкоски да спроведе истрага по основа на оваа кривична пријава.

22.03.2024 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега