Ковачки распали по Пендаровски: Стево фолиранту, уште колку луѓе треба да починат да го купите лекот?

Откако денеска беше потврдена веста дека почина Благојче Илиевски, најтешко болниот пациент со цистична фиброза, поради тоа што не го добил лекот, бурна реакција имаше Драган Ковачки преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој прстот го впери кон Пендаровски и кон министерот за здравство.

„Стево фолиранту!

5.3 милијарди евра имате со вашата Влада за трошење. Лек не можете да набавите за мала група на граѓани што секојдневно ви кажуваат дека се мачат затоа што не сте способни ниту пак имате желба да го набавите лекот. И ти и министерот за здравство служите само за сликање и за политички коментари и ве интересираат само вашите места.

Бандо бесчувствителна, уште колку треба да ни починат за да се свестите, или тие лица немаат употребна политичка вредност во моментов?

Во Европа ќе не носел. Оставка“, стои во реакцијата на Ковачки на ФБ.

08.02.2023 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега