Ковачевски и честиташе на Шекеринска: Радмила е вистинскиот избор

Радмила Шекеринска денеска се врати во политиката. Избрана е за потпретседател на Партијата на европски социјалисти. За овој чекор и честиташе и премиерот Димитар Ковачевски, кој на социјалната мрежа Фејсбук напиша:

„Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција - потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор“.

 

15.10.2022 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега