Коцевски: Новиот директор на АНБ е продолжена рака на Димовски и Зечевиќ, не очекувам подобрување на безбедносниот систем

Директорот на АНБ е ист производ како и минатиот директор Виктор Димовски. И тој со години е на функцијата во АНБ, имал учествувано во безбедносниот сектор, така што не очекувам ништо ново, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со новиот директор на АНБ, Заре Милошевски.

Додаде дека Заре Милошевски има учествувано и во аферата со добивање македонско државјанство на украинскиот и руски олигарх Онишченко.

Според Коцевски, новиот директор на АНБ е продолжение на Димовски и Зечевиќ и според тоа не може да се очекува подобрување на безбедносниот сектор во државата.

„Едноставно, таков е каков што е безбедносниот сектор, така и ќе продолжи на чело со овој господин, Заре Милошевски. Значи, тој е продолжена рака на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ и ништо особено не очекувам во подобрување на безбедносниот сектор“, додаде Коцевски.

15.12.2022 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега