Кавадарци: Во автомобилот имало едно лице - пет пожарникари со 2 возила на терен

Повредено е едно лице во сообраќајка што утрово се случи кај кавадаречкото село Дреново. Повредениот е извлечен со помош на пожарникари и со возило на брза помош транспортирано кон кавадаречката болница. 

- Во моментов се врши утврдување на повреди, потврди за МИА, доктор Ратко Грков, началник на кавадаречката Итна медицинска помош.  

Во сообраќајната несреќа возило излетало од патот и се превртело,  информацијата ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.  

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци беше на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес рекоа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот  Кавадарци.

- Веднаш по појавата за сообраќајка, заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, возило за техничка интервенција и комбе за прва помош, појаснија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

25.03.2024 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега