Хоџа го повика Ахмети: Да им дадеме приоритет на Албанците, да го смениме Уставот и да го направиме горд секој Албанец во Македонија

Албанските партии веќе имаат потпишано заедничка декларација за унапредување на правата на Албанците во Македонија. Албанскиот политички фактор во земјата треба да изгради заеднички став за да се измени Уставот. Наша обврска е да ги реализираме очекувањата на Албанците во државата и да му дадеме приоритет на нашиот национален интерес како Албанци и да го направиме горд секој Албанец во државата, изјави на денешната прес конфернецијата Генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа кој ги повика албанските политички лидери на заедничка маса да договорат измени на Уставот со кои Албанскиот јазик би се официјализирал во овој највисок правен акт.
Хоџа рече дека очекува разбирање и поддршка од Македонците бидејќи и тие се бореле за почитување на македонскиот јазик во преговорите со ЕУ и при членството во НАТО.
Хоџа рече дека не гледа поврзаност во барањето на Мицкоски за укинување на балансерот при вработувањето. 
„Со бришењето на терминот 20% и замената на тој термин со „албански јазик“ никој не губи ништо. Има употреба на албанскиот јазик, македонските министри комуницираат со граѓаните Албанци на албански јазик, само што тој јазик институционално не се вика албански туку јазик кој го говорат 20% од граѓаните. Затоа бараме разбирање. Иницијативата треба да потекнува од македонските политички партии бидејќи тие добро го знаат она што Бугарија го правеше со оспорувањето на македонскиот јазик. И кога меѓународно војуваш за признавање на својот јазик, мислам дека исто така треба да се разговара, за признавање, односно коригирање на погрешна дефиниција на втората најголема етничка заедница во државата преку која заедно ја градиме нашата држава“ – рече Хоџа.


01.11.2022 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега