Хаос во Атина: Гореа училишни автобуси, автомобили, мотоцикли


Противпожарната служба на Грција, со 12 пожарникари и четири возила интервенирала за гаснењето на пожарот на пет училишни автобуси, три автомобили и три мотоцикли, кои целосно изгореле, а била предизвикана материјална штета и на други паркирани автомобили.

Неофицијално, возилата ги полеале со запалив материјал, а биле паркирани пред приватно училиште, во чија сопственост се и минибусите што целосно изгореле.

Потпалувањето беше во атинската населба Зографу во близина на Универзитетскиот кампус, а ова беше втор случај во истата област во изминатите пет дена, откако во текот на ноќта во неделата маскирани лица предизвикаа инциденти со полицијата и запалија паркирани возила.

14.03.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега