Гутереш повика на брзо испраќање мисија за поддршка на безбедноста на Хаити

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика новите власти на Хаити да го „забрзаат целосното спроведување на преодната влада“ и брзото распоредување на мултинационална безбедносна мисија на Хаити за справување со „ужасната“ ситуација, изјави денеска неговиот портпарол.

„Генералниот секретар ги повикува сите земји-членки да се погрижат мултинационалната мисија за поддршка на безбедноста да ја добие финансиската и логистичката поддршка што и е потребна за да успее“, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

25.04.2024 - 23:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега