Груби и Гир се согласија: Бугарите мора да влезат во Уставот

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска беше домаќин на шефот на мисијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за Декларацијата за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка продолжува од страна на Владата.

Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија.

Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше и дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус. од сите политички чинители и општествени.

Груби и Гир разговараа и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведувањето на реформите.

 

02.11.2022 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега