ЕУ одобри отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Лидерите на државите на Европската унија го одобрија отворањето на пристапните преговори со Босна и Херцеговина на Самитот во Брисел. 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција рече дека одлуката е важна пресвртница за државата. 

-Секако дека има чекори што треба да се преземат, рече Мишел. 

Според усвоените заклучоци, Европската комисија ќе ја подготви рамката за преговори кога ќе се исполнат сите споменати критериуми во 2022 година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави „историската одлука“ за отворање на преговорите за членство со Сараево.

-Земјата направи импресивни чекори кон ЕУ. За само една година е постигнат поголем напредок отколку за цела деценија, рече претседателката на Комисијата, изразувајќи надеж дека одлуката на лидерите на ЕУ ќе доведе до уште поголем напредок.

Мишел претходно и честиташе на БиХ за мрежата Х за одобрувањето на пристапните преговори со ЕУ

„Вашето место е во нашето европско семејство“, рече Мишел и додаде дека треба уште многу да се работи пред земјата да стане членка.

„Сега треба да продолжиме со напорната работа за Босна и Херцеговина да напредува стабилно, како што сака вашиот народ“, рече тој.

Во најновата верзија на нацрт-заклучоците на самитот, лидерите ја истакнаа потребата Босна и Херцеговина да продолжи да ги презема „сите релевантни чекори утврдени“ од Комисијата, кои вклучуваат економски, судски и политички реформи, како и подобри напори за борба корупција и перење пари.

21.03.2024 - 22:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега