Џенифер Лопез и Бен Афлек снимени додека страсно се бакнуваат на улица

Папараците ги фатија Џенифер Лопез и Бен Афлек додека споделуваат страстен бакнеж по ручекот во Лос Анџелес.

Тие посетија ресторан, кој се наоѓа недалеку од нивниот дом. Потоа почнале да одат кон автомобилот, а пред да седнат Бен ја притиснал сопругата на ѕидот и почнал да ја бакнува.

Лопез неодамна откри дека никогаш не планирала да се смири со Бен Афлек. За време на гостувањето во радиоемисијата „Кајл и Џеки О Радио шоу“, каде што зборуваше за врската, таа особено изненади со изјавата дека морала да се пронајде по нивната неуспешна свршувачка.

„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од разни причини моравме духовно да растеме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имаме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: ‘Добро, она нашето се случува само еднаш во животот’. А кога продолживме пак заедно, едноставно, не можев да поверувам. А знам дека ни тој. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката.

Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се свршија. Сепак, парот се раздели во 2004 година по одложувањето на својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек, конечно, се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

27.02.2024 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега