Богоев: Ако Груевски беше Алфа, Мицкоски е шпицен градоначлник

 

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за порталот Центар.мк истакна дека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи презема навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза.
 
,,Во овој пакет за помош вреден 350 милиони евра, поддршка е обезбедена за пензионерите кои добиваат пензија помала од просечната, за примателите на социјална помош, за стечајните работници и оние со социјална пензија, за самохраните родители. Ова е втор пакет на мерки, првиот беше вреден 400 милиони евра реализиравме и во првата половина од годината, со што вкупниот износ на помошта за граѓаните и фирмите изнесува над 750 милиони.
 
Дали тоа е доволно? Секако дека не е и дека треба повеќе, но треба да се има предвид големината на нашата економија и секако состојбата на Буџетот во време на најголема светска и економска криза каде секоја европска економија е силно погодена.
 
И во такви околности, ние како држава имаме одвоено најмногу средства за мерки за помош како процент од БДП, споредено со земјите од Западен Балкан." посочи Богоев.
 
Осврнувајќи се на работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ,  потпретседателот Богоев посочи дека тие во првата година од мандатот не покажаа ништо освен што ги партизирале општините а парите во време на криза ги трошат на непродуктивни трошоци.
 
,,Наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ отчет даваат пред својот шеф Мицкоски на партиски настани, Мицкоски е тој кој оди на увиди пред кого реферираат градоначалниците а видовме и дека самиот тој се мешал во јавни набавки. Сево ова потсетува на едно режимско време, кога Груевски беше Алфа Градоначалник односно градоначалник над сите градоначалници. Мицкоски за жал, сеуште живее во тоа време. Ако Груевски беше Алфа, Мицкоски е шпицен градоначлник.
 
Која мерка за помош на граѓаните во време на криза сте ја слушнале од некој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ? Нема, само цени на услуги покачуваат. Толку се неспособни медарите од ВМРО-ДПМНЕ што и во Скопје мораше Владата да го преземе парното греење, и да обезбеди парно.
 
Сето тоа зборува дека на градоналниците од ВМРО-ДПМНЕ исто како и на партиското раководство не им се важни интересите на граѓаните, туку единствено личните, партиските и бизнис интересите." истакна Богоев.
 
Богоев најави дека СДСМ во претстојниот период го засилува присуството на терен преку директни средби со граѓаните.
15.10.2022 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега