Адеми за иницијативата на Алтернатива за Асоцијација на албански општини: Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање

Арбер Адеми од ДУИ го посочи својот став околу иницијативата на Алтернатива за „Асоцијација на албански општини“ во Македонија.

Според Адеми, ова е патетично, антиамериканско и антиевропско решение и оди на штета на конечното решение на косовското прашање.

„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивнa определба“, пишува Адеми.

Партијата Алтернатива предлага во Македонија да има иницијатива за “Асоцијација на мнозински албански општини“, исто како моделот кој се бара од Косово.

 

26.02.2023 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега