30 последователни потреси во Црна Гора, граѓаните вознемирени


Длабочината на земјотресот во Црна Гора бил на 14 километри под земја, посочил сеизмологот Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора .

Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.

„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место“, вели Цековиќ.

Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси. Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.

„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и во цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.

14.03.2024 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега