Без да каже збор, ниту да одговори на прашања, поранешниот вицепремиер Артан Груби го напушти скопското Обвинителство по шест часа распит. Тој беше спроведен од затворската полиција и со лисици на раце.
Новинарите го прашуваа и во Обвинителството и пред судот, зошто се врати, дали чувствува одговорност – но Груби, како никогаш досега, со молк се движеше кон полициското комбе, а потоа и надвор од него пред судот. објави Скопје1.мк.

