Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“

    05.08.2026 во 11:16

    СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог

    05.08.2026 во 11:12

    Влада со демант: Договорот за вода за Гостивар е преку тендер, СДСМ манипулира со јавноста

    05.08.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“
    • СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог
    • Влада со демант: Договорот за вода за Гостивар е преку тендер, СДСМ манипулира со јавноста
    • Енергетскиот систем стабилен – Продолжуваат инвестициите во обновливи извори
    • Буџетот се полни според планот: Приходите во првите седум месеци повисоки за 9,3 отсто
    • Мистериозен објект го блокира аеродромот – Полицијата крена тревога во Лајпциг
    • Четврти рекорд за две години: Царината со историски највисока месечна наплата
    • Зеленски тврди: Повеќе од 30.000 руски војници се елиминирани во јули, за сè имаме видеодокази
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев – Рокас: Зајакнување на мерит-системот и институционалната одговорност

    Минчев – Рокас: Зајакнување на мерит-системот и институционалната одговорност

    23.02.2026 во 17:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Н.Е. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување.

    Во рамки на разговорите беа разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на администрацијата: Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, со осврт на доставените мислења и препораки од СИГМА, Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и Законот за Влада. 

    На средбата беа разменети ставови околу потребата од јасна, предвидлива и долгорочно одржлива нормативна рамка што ќе обезбеди професионализација, стабилност и институционална одговорност.

    Посебен акцент беше ставен на јакнењето на мерит-системот, транспарентноста и отчетноста во институциите, како и на значењето на експертската поддршка во процесот на креирање квалитетни законски решенија.

    Министерот Минчев ја нагласи определбата за континуиран и конструктивен дијалог со Европската Унија во насока на продлабочување на реформите.

    „Остануваме доследни во нашата заложба за создавање професионална и ефикасна администрација, целосно департизирана и темелена врз јасни правила, стручност и одговорност. Поддршката и експертските ставови од Европската Унија претставуваат значаен чекор кон креирање решенија што ќе обезбедат долгорочна одржливост и зголемена доверба во институциите“ нагласи министерот Минчев.

    Прочитај повеќе

    ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“

    05.08.2026 во 11:16

    СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог

    05.08.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.