Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зоолошките градини во Скопје и Битола се модернизираат по европски стандарди, се гради стабилен финансиски систем

    Зоолошките градини во Скопје и Битола се модернизираат по европски стандарди, се гради стабилен финансиски систем

    22.05.2026 во 14:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша официјален меморандум за соработка со зоолошките градини во Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот.

    Ресорниот министер Муамет Хоџа посочи дека целта на ова партнерство е целосна трансформација на овие установи во современи образовни центри.

    „Центри кои примарно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот свет и едукацијата на младите. Обезбедуваме долгорочна поддршка. Свесни сме дека заштитата бара ресурси. Затоа, преку БИОФОН градиме стабилни финансиски механизми. Тие директно ќе ја поддржат работата на заштитените подрачја, екосистемите, но и развојот и проектите на зоолошките градини. Сегашните чекори се инвестиција во иднината, а свеста за природата се негува од најрана возраст. Затоа, им благодарам на учениците кои учествуваат во денешната изложба. Вие сте идните чувари на нашето природно богатство – рече Хоџа.“

    Министерот додаде дека богатото природно наследство на државата бара институционална и заедничка грижа со научната заедница.

    Тој нагласи дека секоја локална акција има директно влијание врз глобалното зачувување на животната средина.

    „Мотото на овој ден – „Делување локално за глобално влијание“ нè потсетува на една едноставна вистина: заштитата на планетата започнува од нашиот сопствен двор – изјави министерот Хоџа.“

    Вршителот на должност директор на ЗОО Скопје, Катерина Костова, се обрати со посебна порака наменета пред сè за помладите генерации.

    Таа ја истакна обврската за зачувување на природата како аманет кој се остава на идните поколенија.

    „Сите заедно да упатиме една порака, особено до најмладите – Природата не ја наследуваме од нашите предци, ја позајмуваме од идните генерации. Нашата должност е да ја чуваме, сакаме и штитиме. Нека овој ден биде потсетник дека секој од нас може да придонесе за поубава заедница – рече таа.“

    Костова се осврна на вековната традиција на Зоолошката градина Скопје, но и на новата улога што овие институции ја имаат во современото општество.

    Таа најави натамошни инвестиции во инфраструктурата и проширување на капацитетите за едукација на посетителите.

    „Зоолошката градина Скопје има еден век грижа, посветеност, едукација и љубов кон животните. Сто години во кои генерации деца го направија првиот чекор кон разбирање на природата. Зоолошките градини денес не се само место каде што се гледаат животни, тие се и центри за едукација, заштита на биодиверзитетот, научна работа и подигнување на јавната свест за зачувување на природата. Нашата визија е Зоолошка градина Скопје да продолжи да се развива као современ и едукативен центар, каде што ќе се учи значењето за заштитата на животинскиот свет. Продолжуваме со подобрување и реновирање на живеалиштата, со унапредување на условите за животните и ќе бидеме гордост на нашиот град – нагласи директорката Костова.“

    Настанот беше заокружен со разгледување на изложба на едукативни цртежи изработени од ученици, забавна програма со детски аниматор и прошетка низ градината.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.