Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша Меморандум за соработка со зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел поставување рамка за модернизација, едукативен развој и нивно усогласување со европските стандарди.

Потпишувањето на овој документ се реализираше во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот во Зоолошката градина Скопје, под мотото „Делување локално за глобално влијание“.

Според надлежните, овој чекор претставува потврна на заедничката заложба за унапредување на грижата за животните, заштита на биодиверзитетот и развој на зоолошките градини како современи едукативни и конзервациски центри.

Од ЗОО Скопје по настанот соопштија дека остануваат посветени на создавање подобри услови за животните, зајакнување на едукативната улога и подигнување на јавната свест за значењето на природата и биолошката разновидност.

Exit mobile version