На Центар му треба вистински центарец. На Центар му треба Мирослав Лабудовиќ – е пораката што се слушна вечерва во Музејот на современа уметност, на промотивната Конвенција на кандидатот заа градоначалник на општина Центар и советничката листа од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, наведува ЗНАМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално: 

На Центар му треба предводник кој ќе биде вистински претставник на граѓаните. Доволно млад и во истовреме доволно енергичен, доволно стручен, а во истовреме доволно посветен татко на општината. На Центар му треба прв човек што ќе воведе ред, ќе создаде урбан развој наместо урбан хаос, ќе го исчисти, ќе го направи безбеден, ќе се бори за секоја негова педа. 

Кандидатот за градоначалник, Мирослав Лабудовиќ, претставувајќи ја својата визија и приоритетите за идниот четиригодишен период, пред присутните се обврза дека нема да биде градоначалник што ќе работи само пред избори, туку посветено и одговорно во текот на целиот мандат.

„Во текот на четиригодишниот мандат се обврзувам дека ќе работам посветено, секогаш имајќи ја пред себе главната цел – моите сограѓани, кои мора да имаат приоритет. Тоа значи дека ние ќе бидеме постојано нивен сервис и секојдневно ќе работиме да го подобриме и да го направиме пофункционален нивниот живот. Имаме програма за која сум убеден дека е најквалитетна од сите понудени и со која навистина ќе ги промениме нештата во општината“, порача Лабудовиќ.

Тој најави ревизија на сите спорни урбанистички планови, нови катни и монтажи гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај новата Железничка станица, чиста, безбедна и еколошки средена општина, со енергетско-ефикасни фасади. Новитети во образованието и изградба на Центар Хаб – мултифункционален, младински и културно – технолошки центар, поддршка на локалниот бизнис и спортот, и повеќе солидарност и инклузивност. Како еден од приоритетите ја потенцираше целосната транспарентност во работењето.

Leave A Reply

Exit mobile version