„Ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Ржаничино-Таор, во Скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од село Орешани, Скопско, излетало надвор од коловозот. Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г. (21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, пишува во полициското соопштение.

Exit mobile version