Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „Едно големо празно“

    ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „Едно големо празно“

    09.06.2026 во 09:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови,
    со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја
    држава, твоја шанса“, пишува во денешното соопштение на ЗНАМ.

    Но реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква – празни
    флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите
    политики да се претстават како нова иднина.

    Таканаречените „6 столба“ претставени во рамки на новата платформа,
    наместо да понудат суштина и јасна насока, делуваат како 6 празни
    политички флоскули без реална содржина и без поткрепа за испорачување
    резултати.

    Слоганот на конгресот „Твоја држава, твоја шанса“, во тој контекст,
    неизбежно отвора прашање пред граѓаните: колку од тие шанси навистина
    беа искористени во периодот кога СДСМ ја имаше целосната политичка
    одговорност и каков е реалниот биланс од тие политики денес?!

    Во политичкиот период кој го оставија зад себе, секоја шанса која ја
    имаа пред себе беше пропуштена, а нивните политики завршуваа со одлуки
    кои ја ослабуваа државната позиција, националниот интерес и ја нарушуваа
    довербата во институциите.

    Контрастот меѓу политичките слогани и реалноста е преголем за да се
    игнорира.

    Пораките како „Живот за сите“, „Нема правда-Нема мир“ останаа во
    јавноста како симбол на големи очекувања, но и како симбол на
    неиспорачани резултати и разочарани граѓани, додека привилегиите и
    користа од нив, се концентрираа во тесни политички и фамилијарни кругови
    блиски до Заев и Филипче.

    Граѓаните не забораваат како и на кој начин двоецот Филипче-Заев се
    стекнаа со златните визи, не ги забораваат луксузните крстарења и забави
    во Дубаи, не ги забораваат контроверзиите околу набавките на вакцините,
    ниту пак, ги забораваат големите ветувања за бескомпромисна борба против
    криминалот и корупцијата кои останаа без вистинска разрешница.

    Денешната политичка комуникација само ја продолжува истата матрица, со
    нови формулации, но со ист ефект.

    За жал, денес СДСМ, од некогашна државотворна политичка партија, се
    повеќе наликува на структура која ги губи сопствените политички контури
    и јасен национален компас.
    Наместо да биде фактор на внатрешна кохезија и државен интерес, делува
    како политички гласноговорник на Бугарските наративи и влијанија.

    Во таков амбиент, се отвора прашањето дали партијата која некогаш ја
    носеше тежината на државотворноста, денес навистина ја води сопствената
    автономна политика или пак постепено се претвора во структура и
    политички агент, кој сè почесто ги рефлектира и артикулира ставовите
    блиски до наративите на Румен Радев, наместо јасно да ги брани и
    застапува државни интереси.

    Македонија помина низ премногу искушенија за повторно да биде убедувана
    дека старите политики можат да се претстават како нова надеж.
    Историјата не ги памети оние што најгласно зборувале за вредности, туку
    оние што имале храброст да ги претворат во дела и да ја стават државата
    пред партијата и личните интереси.

    Граѓаните денес не бараат нови слогани, популистички лаги обвиткани во
    платформа за обединување, туку одговорност, резултати и стабилни
    институции.

    За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска.
    Во таа насока, нашата политика и нашите заложби се насочени кон заштита
    на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и
    безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес.
    Само така може да се гради европска Македонија, држава со достоинство,
    стабилност и јасна самосвест.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.