УХМР ги измери температурите во осум часот наутро, на територијата на Македонија.
Мерните станици покажаа дека најтопло утринава е во Кавадарци со 26 и во Скопје со 25 степени. Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, 17 степени.
Сончево и многу топло, па невреме. Вакво време предвидуваат синоптичарите за денеска, петок, 26 јуни 2026 година.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.


