Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. 

УХМР

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура до 38 степени.

Од понеделник сончево и топло со мала до умерена локална облачност и температури до 39 степени.

Exit mobile version