Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција  го напаѓаше

    Жерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција  го напаѓаше

    06.08.2026 во 20:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија. 

    Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се шпекулации, туку се темелат на релевантни сознанија, а дополнително ги потврдуваат и јавните изјави на владини претставници.

    „Вчера имавме можност да слушнеме демант кој не беше демант. Во него пишува дека СДСМ измислува дека се водат тајни преговори. Но токму министерот за надворешни работи рече дека се водат разговори „под радарот“. Не јас, не СДСМ, туку тој. Тоа го има кажано и претседателката Сиљановска“, рече Жерновски.

    Во интервјуто, Жерновски посочи дека Владата на ВМРО сега се обидува како успех да го претстави она што додека беше во опозиција го нарекуваше „предавство“ и токму затоа,  јавноста денес е сведок на целосен пресврт во владината политика на тема евронтеграции.

    „Изјавите се контрадикторни. Значи, она што сега се случува, во Владата е стратегија како сега да се прикаже како победа она што до вчера беше голем пораз за Македонија, големо велепредавство од СДСМ, но сега треба да се прикаже сето тоа како победа. Нешто што е сосем спротивно од она што го зборуваа додека беа во опозиција, и со што дојдоа на власт и добија гласови“, рече Жерновски.

    Тој нагласи дека не станува збор за изолирани изјави, туку за низа потези кои, кои покажуваат дека Владата ја менува својата политика.

    „Зошто велам чекорите на Муцунски? Ова не е изолирана изјава. На оваа изјава, дека се водат преговори под радарот, следат две многу важни изјави кои што зборуваат за пресверт од 180 степени во политиката на Владата. Прв излзе Муцунски со изјава дека ние не сме северно-македонци,  туку сме македонци и дека не зборуваме северно-македонски јазик, туку зборуваме македонски јазик, што е сосем спротивно тоа што зборува додека беа на опозиција. Потоа, чекор повеќе, излезе Муцунски и кажа дека протоколот не е дел од преговорачката рамка, нешто што сосема друго тврдаеа во опозиција и беше една од клучните теми врз основа на што дојдоа на власт. Сето тоа е подготвува на терен за ова што го најавивме“, рече Жерновски.

    Во интервјуто Жерновски нагласи дека СДСМ не внесува нервоза во процесот, туку дека Владата самата ја отвора темата со своите јавни настапи.

    „Ние само кажавме што се случува и дека граѓаните треба да бидат подготвени за тоа што следува.Тоа што следува е победа на политиката и визионерството на СДСМ, кое не беше лесно да се прави. Тоа беа тешки и непопуларни одлуки, меѓутоа одлуки кои што се за добробит на граѓаните, ние морваме младите да ги задржиме, тие ни бегаат надвор“, рече Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.