Жена од Струга цела година крадела струја

 


Педесет и четиригодишна жителка на струшкото село Велешта доби кривична пријава поради кражба на електрична енергија, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против У.Х.(54) од Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.

- При контрола од екипа од ЕВН, извршена на 8 октомври годинава во нејзиниот стан во Струга, констатирано е дека со премостување на една фаза директно на соодветен оператор на системот, во периодот од ноември 2023 година до октомври 2024 година противправно користела електрична енергија, стои во соопштението на СВР Охрид. 

20.12.2024 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега