Зголемен бројот на лица кои по вторпат се заразиле со ковид

Според податоците на Институтот за јавно здравје во текот на мината недела вкупно се пријавени 43 реинфекции, со зголемување од 19,4% во однос на претходната недела.

-Заклучно со 26.12.2021 вкупно се регистрирани 1.059 реинфекции (0,5%), од кои две се втори реинфекции.Од реинфекциите, 10 завршиле со смртен исход, велат од ИЈЗ.

Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223 739, оздравени се 211 021, а 7 917 починале.

29.12.2021 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега