Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмладата жртва имаше две години: Гази Баба одбележува 10 години од катастрофалните поплави во Скопје

    Најмладата жртва имаше две години: Гази Баба одбележува 10 години од катастрофалните поплави во Скопје

    07.08.2026 во 07:562 Mins Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Гази Баба денеска со комеморативен настан ќе одбележи една деценија од разорното невреме и поплавите што на 6 август 2016 година го погодија скопскиот регион и однесоа 22 човечки животи.

    Комеморацијата е посветена на жртвите од трагедијата, а од Општината посочуваат дека сеќавањето на настанот треба да биде потсетник за значењето на солидарноста, превенцијата и институционалната одговорност.

    На 6 август 2016 година, по силни врнежи и невреме, водата предизвика сериозни поплави во повеќе населени места. Најпогодени беа подрачјата околу Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново. Многу семејства останаа без своите домови, а материјалната штета беше огромна.

    Според податоците од тој период, во Скопје за 24 часа биле регистрирани 92,9 литри дожд на квадратен метар. Само во првите два часа од невремето биле регистрирани повеќе од 800 молњи, а силниот ветер и поројните води предизвикале паѓање на дрвја и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

    Во текот на ноќта биле евакуирани околу 1.000 жители од погодените подрачја. Помошта за настраданите пристигнувала од сите делови на државата, а граѓаните, институциите, спасувачките екипи и хуманитарните организации се вклучиле во собирање и дистрибуција на неопходни средства.

    Од Општина Гази Баба денеска изразуваат благодарност до сите кои во деновите по трагедијата помогнале на погодените жители – спасувачките екипи, Армијата, полицијата, пожарникарите, Црвениот крст, здравствените работници, волонтерите и граѓаните.

    „Трагедијата од 2016 година покажа дека во најтешките моменти солидарноста и човечноста можат да ја обединат целата заедница“, посочуваат од Општината.

    Оттаму додаваат дека искуството од поплавите останува важна лекција и дека продолжуваат со активности насочени кон подобрување на инфраструктурата, превенцијата и безбедноста, со цел да се намалат ризиците од идни природни непогоди.

    Невремето остави длабоки последици, а 8 август 2016 година беше прогласен за Ден на жалост во тогашна Република Македонија.

    По невремето, Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на метеоролошката станица на Зајчев Рид бил измерен рекорден интензитет на петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.