Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди околината на Салта, главниот град на истоимената аргентинска провинција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 202 километри.
Како што соопшти EMSC, епицентарот на земјотресот е на оддалеченост од 152 километри северозападно од градот Сан Салвадор де Жужуи и 52 километри југозападно од градот Сан Антонио де лос Кобрес.
Земјотресот се случил нешто по 10 часот по локално време, соопшти EMSC.
23.02.2023 - 15:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа